About Us

Сабах Трејд Дооел е компанија  во Република С. Македонија, основана во 2002год. мастер-дилер на Македoнски Телеком АД Скопје. 

             Првата продавница е отворена во Гостивар во 2002година, од тогаш мрежата се шири во  многу градови низ Македонија, која моментално ја сочинуваат  11 сопствени и 22 суб-дилерски продажни салони.

            Компанијата ја сочинуваат 37 вработени лица, пред се млади, амбициозни, високи образовни и професионални кадри.

            Сабах Трејд Дооел нуди обемно портфолио  на комуникациски услуги, што опфаќаат припејд и постпеид услуги во мобилната, фиксната телефонија, мобилен и оптички интернет, каблоска и дигитална телевизија, комбинирани пакети со други услуги. 

               Компанијата нуди широк спектар на производи во делот на мобилните телефони, сервисирање и одржување на мобилни апарати, мобилни додатоци и акцесорис, Sony Play Station и додатоци.